За клиниката

КЛИНИКА ЗА ПУЛМОЛОГИЈА И АЛЕРГОЛОГИЈА

ЈЗУ Клиника за пулмологија и алергологија е високо специјализирана здравствена установа во Република Македонијa, која покрај здравствената дејност обавува и наставна и научна дејност и преставува референтна установа во Република Македонија за згрижување на болни со белодробни заболувања. Во ова установа се згрижуваат болни од целата земја, приватни пациенти од соседните земји (Косово, Албанија), се обавуваат консултативни, конзилијарни прегледи и се пружа стручна методолошка помош на другите установи преку реализација на едукативни програми и курсеви. Секојдневно се следи развојот на сите подрачја во медицината, се создаваат сопствени стандарди, се воведуваат нови постапки во лекувањето.

На клиниката се изведува теоретска и практична настава за студентите запишани на Општа медицина и стоматологија и тоа по предметите: Интерна медицина, Клиничко испитување, Фамилијарна медицина и Ургентна медицина. Исто така се изведува настава за Високата школа за медицински сестри – логопеди, физиотерапевти и ренгенолози по предметите: Интерна медицина, Спортска медицина, Ургентна медицина и Физиотерапија во пулмологија и кардиологија. Покрај редовните турнуси, професорите од клиниката одржуваат теоретска настава на специјализантите по интерна медицина, а помошниот наставен кадар го обавува практичниот дел од едукацијата. Во делот на практична настава клиниката учествува во едукација на студенти од Фармацевтскиот факултет и за студентите по стоматологија од Европскиот универзитет. Во рамките на клиниката освен специјалистичките турнуси се обавуваат и субспецијалистички предавања и едукација согласно Програмата за субспецијализација по пулмологија и алергологија одобрена од Министерството за здравство на Македонија и Деканатот на Медицински факултет – Скопје.

На клиниката реализирани се повеќе научни проекти, а во тек е реализација на 3 проекти за клиничко испитување.

Клиниката располага со деловен и административен простор од околу 1000м2, кој се состои од амбуланта, стационар и административен дел.

Амбулантскиот дел е сместен во посебна зграда заедно со останатите амбуланти на Интерните клиники и се состои од шалтер, три амбуланти – ургентна амбуланта со лекар специјалист, субспецијалистичка амбуланта – центар за асма и хобб и амбуланта во којашто се обавуваат прегледи и консултации од професор – субспецијалист. Во овој дел за сите амбулантски болни се вршат функционални испитувања на белите дробови, се прават екг и алерголошки тестови, а наспроти овој дел се наоѓа и Кабинетот за рентген дијагностика на клиниката.

Стационарот се состои од дневна болница со 5 кревети распределени во две одвоени простории. Во првиот дел дневно се лекуваат претежно полесни болни и болни кои од било кои причини не сакаат да бидат хоспитализирани со хронични неспецифични белодробни заболуванја. Во вториот дел од дневата болиница престојуваат сите оние болни кои во текот на денот се подвргнати на инвазивна дијагностика и кои се опсервираат повеќе часови пред да се испратат дома. Стационарот располага уште со 10 соби со по 3 кревети, 1 соба со 6 кревети и една просторија- единица за интензивна нега со 5 болнички кревети. На одделот има и 2 апартмана со по 1 кревет со надстандардни услови. Тука се наоѓа и салата за состаноци , професорските кабинети, 4 лекарски соби, собата за дежурен лекар и сестринската соба.

Дел од апаратурата за функционална дијагностика на белите дробови наменета за хоспитанлите болни е сместена во стационарот. Во непосредна близина се наоѓа Кабинетотот за инвазивна дијагностика на белите дробови како и Кабинетот за ехосонографија на градниот кош и белите дробови.

Администрацијата е сметена заедно со администрацијата на другите интерни клиники во објект којшто се наоѓа во непосредна близина на наплатниот пункт за паркинг простор и хелиодромот.

Сите три дела на клиниката се меѓусебно поврзани во една интегрирана целина со помош на апликативен софтвер за болничко-амбулантско и финансиско буџетско работење, благододарение на софтверската поддршка и одржувањето на истото од страна на Ултра ДОО.

Клиниката располага со современа опрема за функционална дијагностика: повеќе спирометри, гасни анализатори, телесна бодиплетизмографија, апарат за мерење дифузија, апарати за неинвазивна вентилација, пулсоксиметри, оксигенконцентратори; опрема за инвазивна дијагностика: бронхоскопи со видеокамера, ЕБУС (ендобронхијална ултрасонографија), опрема за перкутана биопсија на плуќа и плеура, аспиратори, потоа рентген апарат за радиолошка дијагностика- фиксен и портабл ренген апарат, ехо апарати.

КЛИНИКАТА ЗА ПУЛМОЛОГИЈА И АЛЕРГОЛОГИЈА Е РЕШЕНА ДА ГО ПОДОБРИ ЗДРАВЈЕТО НА ЗАЕДНИЦАТА НА КОЈА И СЛУЖИ. НИЕ:
  • поставуваме стандарди во едукација на младите колеги, на оние на кои ја оставаме нашата иднина.
  • сме водечка институција во примена на најсовремените методи на лекување.

 

ОБЕЗБЕДУВАМЕ:
  • Високо квалитетна здравствена заштита која ќе излезе во пресрет на очекувањата на нашите пациенти, нивното семејство и на секого на кого му служиме.
  • поставуваме висок стандард на услуги кон пациентот, се грижиме за неговата безбедност во давањето на квалитетна здравствената услуга.
  • Работна средина која поттикнува мотивација и обврски на нашиот персонал.
  • Подобрување на ефективноста во квалитетот на менаџмент системот преку целосно искористување на потенцијалот на ресурсите.

Нашата визија е да бидеме национален лидер во имплементирање и иновација на здравствената услуга како и грижата кон пациентот со постојано унапредување на нашите услуги.

Да претставуваме модел на сервисни услуги и да бидеме вклучени во најновите истражувања и клинички иследувања.
Да преставуваме пример во клиничките иследувања и да претставуваме поддршка во едукација на младите специјализанти како индивидуалци, но и како дел од стручен тим.
Да бидеме лекари кои ќе бидеме пример во нашата заедница.

Пациентот и неговото семејство се во центарот на нашето внимание

Однесувањето на нашите вработени треба да претставува пример за нашите пациенти и нивните најблиски. Вредностите на нашата клиника не дефинираат нас како установа, за она што ние го создаваме и што подразбира унапредување во нашата дејност.

Да понудиме исклучително искуство за секој наш пациент, колега или посетител. Целта на нашите вработени е да ги промовираме нашите вредности во целата заедница. Да се гордееме со нашата способност да решаваме проблеми и да градиме цврст тим на поддршка. Секогаш да постои спремност за интеракција со другите, да се слушнат проблемите на заедницата, но и спремноста да се прифатат предизвиците од нови идеи. Притоа, секогаш да гледаме према иднината и новиот развој за да го имплементираме во нашата земја.

Таа е дел од поранешниот Клинички центар и од 26 јуни 2007 година со Одлука на Владата на Р.М. е регистриранa и функционира како независна клиника. Во Централниот регистар на Република Македонија е регистриранa на 05.09.2007 година  со Одлука на Врховниот суд на Р.М. Клиниката е повторно регистрирана како Универзитетска клиника на 10.07.2008 година

Секоја година, околу 1800 пациенти се лекуваат во клиниката, со околу 17.500 специјалистички прегледи и болнички денови.

Менаџерскиот тим е целосно посветен на добар авторитет и верува во апсолутно задоволство на своите пациенти, вработени и надлежни органи. Ова е наш став во градењето на расположлив, транспарентен и ефективен менаџмент систем.